Едсон Алварез интересна опција за Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед допрва ќе ги направи своите потези на трансфер пазарот, но веќе има одредени најави за операциите, играчите кои можат да слетаат на „Олд Трафорд“.
Една од тие желби е капитенот на Мексико, Едсон Алварез кој имаше добра прва сезона во дресот на Вест Хем за кого во натпреварувачката 2023/2024 одигра 42 натпревари на кои постигна 2 гола и забележа исто толку асистенции.
„Можам само да ви кажам дека сум фокусиран на она што треба да го направам. Знам дека Копа Америка е многу важен турнир каде што очите на светот во основа се тука. Подоцна ќе има време да видиме што има или што нема“, порача Едсон пред премиерниот меч на неговата селекција против Јамајка.
Алварез има 26 години и многу добро му е познат на Ерик Тен Хаг од времето во Ајакс. Мексиканецот има договор со „чеканите“ до 30 јуни 2028 година.