Еквадор не го совладаа Курасао, ќе мора да се вади со Германија

Репрезентацијата на Еквадор се најде во исклучително тешка позиција пред последното коло од групната фаза на Светското првенство 2026, откако одигра 0:0 против Курасао и остана со само еден освоен бод во Групата Е.
По две одиграни кола, Германија е лидер со максимални шест бода, Брегот на Слоновата Коска е втор со три, додека Еквадор и Курасао имаат по еден бод. Еквадор моментално е трет само поради подобрата гол-разлика.