Екипата на Евротип и Голд Слот помеѓу најдобрите на „Охрид ТрчаТ“
Викендов во Охрид се одржа петтото по ред издание на „Охрид ТрчаТ“, на која покрај многуте учесници, активно се вклучија и спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клубовите.
Екипата на Евротип и Голд Слот трката ја заврши на десеттото место со време 01:56:36, а за тимот составен од Даниел Спасевски, Илија Цветановски, Христијан Деловски, Стефан Трифуноски, и Николче Даскаловски најдобро време имаше Спасевски кој делницата од 5 километри ја истрча за 26:25.
Во женска конкуренција, најдобар претставник од екипата на Евротип и Голд Слот беше Марија Дрогришка, која петкилометарската трка ја заврши со време 30:10, а на 51 место заврши Биљана Арбовска со време 33:55.
На 21-километарската трка во машка конкуренција победи Милош Ранчиќ со време 1:18:27, додека кај девојките првото место му припадна на Билјана Кираџиева, минувајќи ја патеката долга 21 километар за 1:31.29.
На рекреативната петкилометарска трка победи Муџахид Мислимоски со постигнато време 18:38 минути, додека во женска конкуренција прва на целта пристигна Николина Милевска – Велјаноска 24:17 минути после стартот.
На јубилејното петто издание на „Охрид трчаТ“ учествуваа околу 650 натпреварувачи, а бројот на учесници беше ограничен поради протоколите за спречување на ширењето на коронавирусот.
Евротип и Голд Слот клубовите, како општествено-одговорни компании ја поддржуваат секоја иницијатива за активно вклучување на младите во спортот.
Ова издание на спортско-рекреативната манифестација помина во знакот на поддршка на лицата со ретки болести, кои и самите беа дел од натпреварувањата. Евротип и Голд Слот најавуваат активно учество и на наредното издание на „Охрид трчаТ!“, како и на останати манифестации ширум државата кои имаат за цел промоција на спортот и здравиот начин на живот.