Еланга: Нема некоја разлика меѓу Нотингем Форест и Манчестер Јунајтед

Ентони Еланга ги шокира фановите на Манчестер Јунајтед во една реченица, откако направи трансфер во Нотингем Форест и каде рече дека нема премногу разлика помеѓу двата клуба.

Еланга во моментот е на интернационални обврски со репрезентацијата на Шведска, а летоска направи трансфер од Олд Трафорд во Нотингем Форест, двократниот европски шампион од минатото.

Сезоната Еланга ги одигра скоро сите натпревари за Нотингем Форест, а го постигна и победничкиот гол против Челси во победата со 1-0 минатиот месец.

Зборувајки за неговиот трансфер од Јунајтед во Нотингем Форест, тој порача: „Трансферот беше полн погодок, перфекција, проектот е голем и одличен за мене“.

Го прашаа и за тоа да направи паралела за играњето во двата клуба:

„И нема некоја голема разика меѓу двата клуба, добро почнавме во првенството, ги добиваме натпреварите, Нотингем Форест е сепак поранешен европски шампион и има добри фудбалери, сезоната е долга и се надевам дека ќе имаме успешна сезона“, порача Еланга.