Елмас во тимот на колото во Серија А

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас се најде во идеалниот тим за 28. коло на Серија А.

Фудбалерот на Наполи беше стрелец на гол за 2-0 во победата на неговиот тим од 2-1 против екипата на Торино в петокот. Елмас го даде вториот гол по асистенција од Матео Политано, а со тоа беше еден од најдобро оценетите играчи во својот тим.

Добриот перформанс на македонскиот „дијамант“ го смести во тимот на колото со оценка од 7,0.

Во идеалниот тим на 28. коло во калчото се најдоа: Мајк Мењон (Милан); Андреа Камбијасо (Јувентус), Адам Марушиќ (Лацио), Первис Еступињан (Милан); Да Куња (Комо), Ељиф Елмас (Наполи), Џонатан Рове (Болоња), Даниеле Малдини (Лацио); Киеран Боуви (Верона), Џанлука Скамака (Аталанта), Кенан Јилдиз (Јувентус).