Елмас заради акумулација на картони ќе го прескокне полуфиналето на баражот

Се израдувавме на големиот успех, но можеме да жалиме за жолтиот картон на Елиф Елмас, поради него нема да игра на полуфиналето од баражот. Елмас со два гола беше херој на Македонија во победата над Исланд, но жолтиот картон кој го доби ни прави проблем.

Картоните од квалификациите не се поништуваат, ова за Елмас беше втор жолт картон, а тоа значи дека Благоја Милевски нема да може да смета на него за полуфиналето од баражот.

Елмас е еден од клучните фудбалери, па неговото отсуство ќе биде сериозен удар за Македонија.

Покрај него нема да можеме да сметаме ниту на Тихимир Костадинов кој исто така има парен број жолти картони.