Елмас: Кога играме за Македoнија секогаш одиме на победа

Еден од оние од кои очекуваме многу на натпреварот со Ерменија е Ељиф Елмас кој ќе ја предводи Македонија во овој пријателскиот натпревар кој ќе се игра во Струмица. Фудбалерите се подготвуваат за контролната средба, на која нашиот национален тим ќе има комбиниран состав, но и покрај тоа ќе играат на победа.

„Играме натпревар со доста добар противник како Ерменија. Очекувањата секогаш кога се игра за Македонија е да се дојде до победа. Ќе излеземе на терен сплотени, ќе се потрудиме да одиграме добар натпревар по кој се надевам дека ќе славиме. Одигравме добар дуел со Украина, но го загубивме. Овој меч со Ерменија ни е важен, затоа одиме да победиме“ истакна Елмас.

Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија е закажан во вторник од 15:00 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.