Елмас: Мора да ја подобриме реализацијата против Гибралтар
Селекторот Благоја Милевски ќе направи одредени промени во составот на нашата репрезентација за натпреварот со Гибралтар, а со тоа повеќе фудбалери ќе добијат поголема минутажа.
На средбата со новинарите гзборуваше Елиф Елмас, кој ќе биде еден од поискусните во составот на нашата репрезентација и покрај својата младост.
„Доста време мина откако играв во Гибралтар, тешко дојдовме до победата. Домаќинот играше затворено и ни создаде проблеми. На секој натпревар мора да играме максимално, дојдовме да одиграме максимално и да освоиме три бода. Ни фалеше реализацијата во Бугарија, промашивме многу шанси. Сега ни следат три натпревари на кои реализацијата треба да биде перфектна. Ќе биде потешко да играме на вештачка трева, но без разлика на тоа ние мора да победиме“, истакна Елмас.
Натпреватот Гибралтар – Македонија се игра попладнево од 18:00 часот, а во вечерниот термин од 20:45 часот во Разград, Бугарија ја пречекува Грузија.