Елмас првпат капитен на Наполи, но во пораз и елиминација од Купот на Италија
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас долго ќе ја памети вечерашната ноќ во која неговиот Наполи одигра натпревар од Купот на Италија против Кремонезе.
Елмас на оваа средба ја носеше капитенската лента, за прв пат на еден официјален натпревар за клубот, со што стана вториот најмлад капитен во историјата на Наполи, веднаш по Лоренцо Инсиње кој претходно долги години беше предводник од теренот на клубот од Неапол.
Она што ќе остави горчина кај Елмас и соиграчите од оваа средба е тоа што клубот доживеа неочекувана елиминација откако беше полош изведувач на пеналите, па сега избраниците на Лучијано Спалети ќе може целосно да се фокусираат кон настапите во Серија А и Лигата на шампионите.
Во регуларниот дел од средбата резултатот заврши 2-2, а стрелци на головите за двата тима беа Жуан Жезус и Џовани Симеоне за Наполи и Пикел и Афења Џиан за Кремонезе.