Елмас пред потпис на нов договор со Наполи
Наполи подготвува нов договор за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Во текот на летниот период клубот одби понуди Лајпциг и Ливерпул, Германците нудеа и 30 милиони евра, а „Кориере дело Спорт“ најавува дека новиот договор се подготвува, но ќе зависи и од Руди Гарсија.
Гарсија на стартот од сезоната му дава скромна минутажа на Елмас и во два натпревари македонскиот репрезентативец одигра само десетина минути.