Елмас ја откри својата желба: Сакам да играм со Македонија на Мундијал
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, посакува да освои многу трофеи со екипата на Наполи.
„Четири години сум во Наполи и сакам нов трофеј. Ќе дадеме сè во Серија А и во ЛШ а на крај се надевам и верувам дека ќе бидеме шампиони. Живееме во прекрасен момент но, мора да гледаме напред и да не застануваме. Што се однесува до Македонија, мојата цел е да играме на наредното Европско првенство како и на наредното Светско првенство“, вели Елмас пред денешниот пријателски меч со Анталија.