Елмас ќе биде спремен за настап на дербито против Милан
Фудбалскиот клуб Наполи објави добра вест дека повредата на македонскиот фудбалер Ељиф Елмас не е сериозна и дека тој ќе биде подготвен за настап на дерби натпреварот против Милан овој викенд.
Елмас се пожали на болка и беше принудно заменет на натпреварот против Емполи во кој неговиот Наполи забележа пораз од 0:1.
Тренерот на екипата, Спалети ќе може да смета на 22-годишниот фудбалер за кого во повеќе наврати изјави дека е одличен играч за повеќе позиции во тимот и со сигурност ќе биде од голема корист за дуелот против второпласираниот Милан.
Елмас оваа сезона има гол и асистенција во Серија А, но и пет погодоци во Лига Европа.