Елнени го продолжи договорот со Арсенал

Играчот од средниот ред на Арсенал, Мохамед Елнени, го продолжи договорот за уште една сезона.
29-годишниот фудбалер пристигна во Северен Лондон во 2016-та од тимот на Базел. За шест сезони одигра 147 натпревари со ефект од пет голови и 10 асистенции.
„Го сакам клубот и го чувствувам како дел од семејството. Сакам да продолжам да играм и многу сум возбуден за иднината“, – изјави Елнени за клупската веб-страница.