Елче ќе биде новиот клуб на Столе Димитриевски?

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски следната сезона би можел д ај апочне на голот на новајлијата во Ла Лига, Елче. Најновите вести од Шпанија велат дека неговиот актуелен клуб Валенсија веќе го понудил нашиот голман на новиот шпански прволигаш.
Засега нема конкретни информации за преговори, но се претпоставува дека Димитриевски би можел да замине во Елче на позајмица од една сезона. Покрај Елче, како заинтересирани тимови за нашиот репрезентативец се споленуваа и Селта и Леванте, но се чини дека токму Елче во моментов е најреална опција за Димитриевски.