„Ел Класико“ дуел за Емерик Лапорт
Реал Мадрид и Барселона ова лето ќе водат голема битка на трансфер пазарот за шпански репрезентативец.
Двата шпански гиганти се силно заинтересирани за дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт, пренесуваат шпанските медиуми.
27-годишниот Лапорт го загуби стартното место во тимот на Гвардиола и е спремен ова лето да ја промени средината. Реал и Барселона се во потрага по квалитетен дефанзивец, па веруваат дека Лапорт би бил идеално решение за одбраната.
„Граѓаните“ се спремни да го пуштат, а за неговата слобода бараат сума од 60 милиони евра.
Шпанските гиганти не се спремни да ја платат оваа сума и се надеваат да ја намалат цената преку преговори бидејќи самиот Лапорт инсистира да се врати во Шпанија.