Ембеумо заинтересиран за трансфер во Манчестер Јунајтед

Според „The Athletic“ 25-годишниот напаѓач на Брентфорд, Брајан Ембеумо, кој во сезоната 2024/25 постигна 20 голови и забележа 8 асистенции, одлучил дека Манчестер Јунајтед е неговата главна дестинација во летниот трансфер прозорец.
Покрај Манчестер Јунајтед, интерес за камерунскиот интернационалец покажуваат и Арсенал и Њукасл. Сепак, според извори блиски до играчот, Ембеумо ја гледа понудата од Олд Трафорд како најдобра можност за напредок во својата кариера.
Тренерот на Брентфорд, Томас Франк, ја признава можноста играчот да замине: „Ако цената е соодветна – а тоа сигурно ќе биде скапо – клубот ќе биде отворен за разговори.“ Брентфорд го вреднува Ембеумо на најмалку 60 милиони фунти, иако договорот на играчот трае до 2026 година со опција за продолжување уште една сезона.
Манчестер Јунајтед е во потрага по засилувања во нападот, и покрај неодамнешното потпишување на Матеус Куња од Вулверхемптон за 62,5 милиони фунти. Ембеумо се смета за вредно дополнување со оглед на неговата способност да игра на повеќе позиции во нападот.
Сепак, конкуренцијата за потписот на Мбеумо е жестока, особено од Арсенал, кои исто така го следат внимателно камерунскиот напаѓач.