Ембид жестоко нападна судијка и му се заканува казна

Натпреварот помеѓу Филаделфија и Сан Антонио Спарс го одбележаа неколку исклучувања и бизарни одлуки.

Во центарот на вниманието беше судијката Џенифер Шредер, која го исфрли Џоел Ембиид по жестока вербална расправија.

Втората ситуација се случи меѓу Андре Драмонд и Виктор Вембањама.

По кратката расправија меѓу кошаркарите, Спарс требаше да вратат топката во игра, а Вембањама реши да лажира контакт со Драмонд и без причина да падне на подот, меѓутоа, тој успеа да и ја продаде финтата на судијката Шредер, која го исклучи Драмонд.

Додека судиите ја прегледуваа снимката, Шредер му пријде на тренерот на Филаделфија Ник Нурс и му кажа кратко и јасно: „Јас зае..в“.

На крајот одлуката беше поништена, Вембањама доби неспортски фаул, а Драмонд се врати од соблекувалната и продолжи да игра.