Ембид се враќа викендов по заразата од ковид-19
Џоел Ембид, кој беше заразен со ковид-19, најверојатно ќе се врати на теренот в сабота на мечот со Минесота во рамките на новата рудна во НБА лигата, пренесува „Атлетик“.
Центарот кој во изминатата сезона заврши на второто место во анкетата за најкорисен играч во Националната кошаркарска асоцијација, сега се чувствува добро. Тој е вакциниран и ќе може да се врати во игра доколку успее да даде два негативни ПЦР теста во рок од 24 часа.
Во тековнава сезона, четирикратниот учесник во „Мечот на ѕвездите“ има во просек на натпревар: 21,4 поени, 9,4 скока и 4,0 асистенции. Ембид последен пат играше на 6 ноември.