Емери го сака Дамфрис во Астон Вила
Првите луѓе на Астон Вила размислуваат да го ангажираат фудбалерот на Интер, Дензел Дамфрис, велат последните информации од Англија.
Тимот од Бирмингем во новата сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите и затоа планира да направи промени во ростерот.
Прв на листата е 28-годишниот Холанѓанец кој има договор до 2025 година.