Емери: Имаме тактика за ПСЖ

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, изјави дека неговата екипа со самодоверба ќе патува во Париз на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако ја забележа седмата победа по ред. Вила патува кон Париз на можеби најголемиот европски судир во историјата на клубот по поразот од Јувентус во 1982.
„Мотивирани сме, возбудени сме! изјави Унаи Емери, кој е поранешен тренер на Пари Сен Жермен, а сега како ривал се враќа во француската престолнина.
„Јасно е дека тие се фаворити, но ние ќе се обидеме да ги одиграме овие два натпревари подготвувајќи се што е можно подобро. Ќе се надигруваме, но претходно ќе анализираме како треба да се прилагодиме на нив, како можеме да се наметнеме и да доминираме со нашата тактика“, изјави Емери.