Емери: Ќе биде многу тешко да се обезбеди место во ЛШ

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери изјави дека повторно ќе биде тешко да се квалификува во Лигата на шампионите, и покрај победата од 2-1 над Челзи во саботата вечерта. Астон Вила е седма на табелата со 42 бода, додека Челзи е на шестата позиција со еден бод повеќе.

„Премиер лигата е нашето најважно натпреварување. Мора да се надополнат бодовите што ги загубивме во претходните натпревари. Има уште опција и шанса да се натпреваруваме во европските клупски турнири“, коментираше Емери и продолжи:

„Денеска победа или пораз ќе беше сосема поинаку. Прво, Челзи ќе ни направеше голема разлика и второ, затоа што нашата самодоверба можеше да падне. Возбудени сме поради можноста да бидеме блиску до квалификациските позиции за европските турнири. Се надеваме дека на крајот на сезоната ќе можеме да бидеме блиску до исполнување на нашата цел“ изјави Емери.