Емери ќе заработува седум милиони годишно во Астон Вила

Унаи Емери официјално ќе го води тимот на Астон Вила, а доби импресивен договор во новиот клуб, објави авторитетниот италијански новинар Фабрицио Романо на Твитер.

Според информациите кои ги објави Романо, платата на Унаи Емери ќе биде седум милиони евра годишно. Во исто време неговиот поранешен клуб Виљареал ќе добие отштета за заминувањето на тренерот во износ од шест милиони евра.

Унаи ќе почне да работи во англискиот клуб од 1 ноември, кога ќе бидат завршени сите формалности за добивање работна дозвола во Англија.

Емери досега беше тренер на шпанскиот Виљареал. Со клубот ја освои Лигата на Европа во сезоната 2021/22.