Емир Крајиниќ потпиша за МЗТ Скопје

МЗТ Скопје го промовираше првото странско засилување за новата сезона, откако договор со македонскиот шампион потпиша босанскиот центар Емир Крајиниќ.

Станува збор за 24-годишен кошаркар висок 208 сантиметри, кој игра на центарската позиција и зад себе има настапи во Босна и Херцеговина и Словенија.

Босанскиот центар е првото странско засилување на МЗТ Скопје во актуелниот преоден рок и второ ново име во ростерот за следната сезона, во која аеродромци ќе настапуваат во ФИБА Еврокупот, АБА2 лигата и домашното првенство.