Емотивно збогување на Солскјер со Манчестер Јунајтед

После поминати три години како тренер на тимот од „Олд Трафорд“, Оле Гунар Солскјер беше разрешен од функцијата и го напушти клубот.

Пред неговото заминување од Манчестер, норвешкиот стратег преку интервју им се обрати на фановите и даде емотивни пораки за неговото време поминато на клупата на „црвените ѓаволи“.

„Чест ми е што ја добив довербата да го однесам клубот напред и се надевам дека го оставам во подобра состојба отколку кога дојдов. Создадов одлични пријателства, а навивачите беа одлични, од првиот ден во Кардиф до последниот. Знаете колку овој клуб ми значи и што сакав да постигнам тука. Сакав да направам чекор напред во трката за титулата, сакав да освојуваме трофеи. Жалам што не успеав и затоа сега е време да си заминам. Уживав од првата до последната минута тука. Благодарам на раководството кое ми даде шанса и на навивачите кои ми даваа поддршка“, изјави Солсјкер на неговото последно интервју на ТВ каналот на Манчестер Јунајтед.