Емрах Макиќ потпиша за Брера Струмица

Брера продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, во обид навреме да го консолидира ростерот и да обезбеди конкурентен тим во Првата лига.
Нов член на струмичкиот прволигаш е босанскиот интернационалец Емрах Макиќ, кој доаѓа од редовите на второлигашот ОФК Градина од Босна и Херцеговина. Макиќ игра во дефанзивниот дел на средниот ред, во својата кариера настапувал за неколку клубови во родната земја, меѓу кои Бихач, Раднички Лукавац и Горажде, а бил дел и од младинските категории на Сараево и Јајце.
По вчерашната промоција на Никола Величковски, Макиќ е второто ново име за Брера во краток период.
Пред неколку дена Зоран Балдовалиев беше поставен за нов спортски директор и веќе ги презема првите потези со цел да формира ростер кој ќе може да се носи со предизвиците од новата прволигашка сезона.