Енис Барди започна со тренинзи за Леванте

Репрезентативецот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, повторно започна да тренира за тимот на Леванте.
Во квалификацискиот натпревар против Романија кој се одигра во Септември, Барди заработи повреда и одтогаш е надвор од фудбалските терени.
Поради повредата Барди не настапи за Македонија на средбите против селекциите на Лихтенштајн и Германија и пропушти неколку натпревари на Леванте во шпанската Примера.