Ентони Гордон ќе го засили Баерн од следната сезона

Раководството на Баерн Минхен влезе во преговори со Њукасл за евентуален трансфер на крилниот напаѓач Ентони Гордон, објави новинарот Флоријан Плетенберг.
Според информациите, англискиот клуб поставил почетна цена од околу 90 милиони евра за 25-годишниот играч. Истата сума им е соопштена и на други клубови заинтересирани за Гордон, вклучувајќи ги Барселона, Арсенал и Ливерпул.
Иако се очекува вистинската трансферна цена да биде меѓу 75 и 85 милиони евра, Баерн не е подготвен да плати таква цена, поради што Њукасл продолжува со преговорите со други кандидати за потписот на англискиот репрезентативец.
Самиот играч сака да биде продаден пред почетокот на Светското првенство.