Ентони Едвардс претера со технички грешки и заработи суспензија од еден меч

Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс, најверојатно ќе биде суспендиран еден натпревар откако беше исклучен од натпреварот против Лос Анџелес Лејкерс и ја доби својата 16 техничка грешка сезонава во НБА лигата.
Минесота рано утрово загуби од Лос Анџелес Лејкерс (111-102), а Едвардс доби две технички грешки, поради што беше исклучен. Дополнително, Едвардс може да биде казнет и за фрлање на топката на трибините по исклучувањето.
Според правилата на НБА, играч добива суспензија од еден натпревар откако ќе ја направи 16 техничка грешка во тековната сезона, а на секои две дополнителни технички грешки, суспензијата ќе се зголемува за еден натпревар.