Енцо веќе сака да замине од Челзи, приоритет му е Реал Мадрид

Енцо Фернандез смета дека летото 2026 година е идеален момент за да го напушти Челси.

Токму како што после претходното Светско првенство ја напушти Бенфика и премина во Челси, Енцо смета дека летото после новото Светско првенство е вистинскиот момент да направи чекор напред во кариерата.

Најголемата желба му е наводно Реал Мадрид, кој изгледа и единствениот клуб кој би можел да го ангажира во овој момент.

Реал Мадрид и претходно се споменуваше, но проблемот е што Челси не сака да го изгуби вложениот капитал за него, што значи дека Флорентино Перез ќе мора да плати над 120.000.000 евра за неговиот трансфер.

Изгледа дека на Реал Мадрид му треба уште едно големо засилување во средниот ред, посебно што сè почесто се шпекулира дека Едуардо Камавинга ќе биде на трансфер листата, а сигурно на лето ќе замине и Дани Себалјос.

Сето тоа укажува дека Реал Мадрид ќе го истражува пазарот и дека Енцо сигурно ќе биде примамлива, но не и евтина опција.

Енко во Челси пристигна во јануари 2023 година за дури 121.000.000 евра, а договорот му е важечки до јуни 2032.

Аргентинецот досега одигра 159 натпревари, постигна 28 голови и запиша 29 асистенции.