Енцо Фернандез ќе му објави војна на Челзи

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Енцо Фернандез летоска ќе достави барање за трансфер, Аргентинецот е решен да замине од „Стемфорд Бриџ“.
„Сините“ минатата недела го казнија Енцо Фернандез и го суспендираа на два натпревар, сметаа дека изјавите на фудбалерот за заминување ја поминале границата.
Но како што објави „Ел Чирингито“, приказната нема да заврши тука и ќе има војна во Челси.
Енцо Фернандез можеби сега само меѓу редови најавува трансфер во Реал Мадрид, но во следниот период ќе презеде конкретни чекори и ќе достави официјално барање за трансфер.
„Ел Чирингито“ објаснува дека главна пречка за една ваква зделка ќе биде цената што Челси ќе ја постави – околу 150 милиони евра.
Реал Мадрид би можел да тактизира и да ги одложува преговорите до крајот на август со цел да изврши притисок и Челси да ја намали цената.