Епски пресврт на Челзи, од 2-0 до 3-4 во домот на Тотенхем

Фудбалерите на Челзи го победија Тотенхем со 4-3 во натпреварот од 15. коло на Премиер лигата.

Лондонското дерби помеѓу Тотенхем и Челзи, на стадионот на Тотенхем донесе спектакуларен фудбал, многумина ќе речат дека ова беше најдобриот меч во досегашниот дел од сезоната.

Домаќините поведоа во 5. минута преку Соланке, а Кулушевски само шест минути подоцна по додавање на Поро зголеми на 2-0 по само 11 минути игра.

Шест минути по голот на Кулушевски, Челзи успеа да намали на 2-1, стрелц беше Џејдон Санчо.

Во вториот дел сосема поинакво сценарио и голема доминација на Челзи.

Во 61. минута Палмер ја искористи најстрогата казна и преку пенал донесе израмнување на гостите, за во 73. минута Фернандез го комплетираше пресвртот. Челси не застана, по аматерската реакција на Сар, го фалираше Палмер и „сините“ добиуја уште еден пенал.

Палмер ја презеде одговорноста и со „паненка“ го зголеми резултатото на 2-4.

Натпреварот беше продолжен за цели седум минути, а во 96. минута Тотенхем преку Сон успеа да намали на 3-4, но не му се закани сериозно на Челзи.

Челси сега се втори на табелата, со натпревар повеќе имаат четри бода помалку од Ливерпул, Тотенхе е на 11. место со само 20 бодови.