Ердал Ракип: Чест ми е да играм за Македонија

Ердал Ракип за прв пат е во репрезентацијата на Македонија. Фудбалерот на шведски Малме со потекло од Ресен ја прифати понудата на селекторот Благоја Милевски и конкурира за настап на натпреварите на македонската А репрезентација против Лихтенштајн и Германија.

Прв пат пред неколку години Благоја Милевски ми понуди да играм за Македонија. Во тој период ми требаше време да размислам. За мене е голема чест што добив понуда да играм за репрезентацијата на Македонија и донесов одлука дека сега е вистинскиот момент да прифатам. Разговаравме со моето семејство и среќен сум што ќе играм во дресот на македонската репрезентација. Македонија е домот за моето семејство и одлуката сега воопшто не беше тешка“, изјави Ракип.

Секој натпревар е тежок. Треба да издвојуваме победа против Лихтенштајн, а потоа не очекува многу тежок меч на домашен терен против Германија. Во фудбалот секогаш има шанса за победа, но треба да се одигра максимално во текот на сите 90. минути. Но, да оставиме времето да покаже, сега сме фокусирани на мечот со Лихтенштајн. Чекор по чекор и секогаш да се стремиме кон победи“.

Ракип вели дека фокусот сега е на натпреварот со Лихтенштајн, но клучно е тимот секогаш да се стреми кон победа без разлика на противникот. Во денешниот фудбал се е можно.