Ериксен: Дојдов во Манчестер Јунајтед заради Тен Хаг
Кристијан Ериксен, засилувањето на Манчестер Јунајтед, за првпат се огласи по пристигнувањето на „Олд Трафорд“.
Данецот неодамна пристигна како слободен играч од Брентфорд и потпиша тригодишен договор со Јунајтед.
Наскоро ќе има можност да дебитира во црвениот дрес и признава дека тоа ќе му биде малку невообичаено, бидејќи е навикнат да игра за противничките екипи во Театарот на соништата.
„За мене е чудно што сум во Јунајтед, мислев дека тоа нема да се случи. Да се биде играч на Манчестер Јунајтед е нешто навистина посебно. Мојата кариера, пред тој инцидент на Евро 2020, воопшто не беше поврзана со враќањето во Велика Британија, така што тоа што сум овде сега ме прави среќен. Чувството е навистина добро“, призна Ериксен.