Ериксен експресно добива нов договор во Брентфорд
Брентфорд планира да го задржи Кристијан Ериксен и по завршувањето на оваа сезона. Данецот ќе стане слободен агент во јуни кога му завршува 6-месечниот договор со премиерлигашот.
„Пчелите“ имаат намера да му понудат нов договор на 30-годишниот играч за врска на данската репрезентација, пишува „Тајмс“.
Според изворот, Брентфорд е уверен дека ќе го обнови договорот со Ериксен доколку тој не добие понуди од клубови од топ 6 во Премиер лигата.
Фудбалерот преживеа срцев удар на 12 јуни 2021 година, за време на натпреварот на Евро 2020 година, па подоцна го раскина договорот со Интер откако му беше вграден кардиодефибрилатор.