Ериксен се договори со Манчестер Јунајтед

Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен постигна договор со Манчестер Јунајтед, пренесуваат британските медиуми.

Како што известува Скај Спорт, Ериксен после лекарските прегледи ќе потпише тригодишен договор со тимот од Олд Трафорд.

Данецот пристигнува во Јунајтед како слободен играч, откако му истече договорот со Брентфорд. Ериксен на почетокот од годината потпиша шестмесечен договор со Брентфорд откако ја прекина соработката со Интер.