Ериксен се огласи по пласманот на Данска во осминафиналето

Данска со победата од 4:1 против Русија избори пласман во осминафиналето на Европското првенство. Ќе играат против Велс на 26. јуни во Амстердам.

Данска го започна ЕУРО со два порази, најпрво беа поразени од Финска, а во второто коло со пресврт загубија од Белгија. Со победата во последното коло над Русија, ја прескокнаа Финска на табелата на второто место во групата.

По победата победа над Русите во Копенхаген, се огласи и Ериксен, кој на Инстаграм им честиташе на соиграчите за пласманот понатаму.