Ерик Баи се врати во Виљареал

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Ерик Баи, официјално премина во редовите на шпанскиот прволигаш Виљареал.

Дефанзивецот во последните три месеци беше дел од Бешикташ, но неговата етапа во Турција завршува брзо и повторно се враќа во една од ТОП-5 лигите.

Во турскиот клуб одигра само осум натпревари, а потоа беше еден од петмината играчи кои беа исклучени од тимот поради „недоволно залагање и лош перформанс на теренот“.

Неговиот агент најави дека Бешикташ ќе добие тужба поради нарушување на договорот и непочитување на играчот, а дополнително ќе бидат побарани и сите плати кои биле предвидени во соработката која требаше да трае 18 месеци.

Ерик Баи кариерата ја започна во Еспањол, а потоа играше уште за Виљареал, Олимпик Марсеј и Манчестер Јунајтед. За него ова ќе биде втора етапа кај „жолтата подморница“, каде настапуваше во периодот меѓу 2015 и 2016 година.