Ерик Сполстра e нов селектор на САД

Тренерот на Мајами Хит, Ерик Сполстра, е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави.
Сполстрај го наследи Стив Кер на клупата на националниот тим, а целта е злато на Светското првенство во 2027 година и Олимписките игри една година подоцна во Лос Анџелес.
Откако беше главен асистент на Кер за време на Олимписките игри во 2024 година во Париз, каде што Американците го освоија златниот медал, Сполстра сега е именуван за главен тренер за следниот циклус.
Сполстра, кој целата своја НБА кариера ја помина во Мајами, со кого освои две шампионски титули (2012 и 2013 година), се смета за еден од најпочитуваните тренери во лигата.
Неговото искуство, тактичка зрелост и работа со суперѕвезди како Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Џими Батлер го прават логичен избор за национална репрезентација која секогаш се стреми кон златниот медал.
Стив Кер ја предводеше репрезентацијата на САД на Светското првенство во 2023 година кога ја освоија четвртата позиција и на Олимписките игри во 2024 година, но тој го објави своето пензионирање уште порано. Изборот падна на човек кој веќе е дел од системот, што значи континуитет и јасна визија за иднината.
Следните Олимписки игри ќе се одржат во САД, што дополнително ги зголемува очекувањата и притисокот.