Ерик тен Хаг би ја прифатил евентуалната понуда од Манчестер Јунајтед

Англискиот весник Дејли Мејл пренесува дека тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, веќе зема часови по англиски јазик пред започнувањето на неговите преговори со Манчестер Јунајтед.
Според информациите 52-годишниот Холанѓанец веќе донел одлука да го напушти Ајакс по завршетокот на сезоната и е подготвен да ја прифати евентуалната тренерска понуда од „Олд Трафорд“.
Тен Хаг е еден од главните кандидати да го замени Ралф Рангник на клупата на „црвените ѓаволи“. Другиот сериозен кандидат е тренерот на Париз Сен Жермен, Маурицио Почетино. Најнова информација е дека и тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти би можел да биде еден од претендентите за клупата на Јунајтед.