Ерик тен Хаг е резервна опција за тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, останува во плановите на Манчестер Јунајтед за местото на нов тренер во наредната сезона.

Англиските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го доведат сегашниот тренер на Ајакс доколку клубот не успее да го ангажира Маурисио Почетино од Париз Сен Жермен.

Тен Хаг бил заинтересиран да работи во Јунајтед и Ајакс нема да му пречи доколку тој се одлучи  за заминување на крајот од сезоната, иако има договор со холандскиот шампион до летото 2023 година.