Ерик Тен Хаг не го сака Роналдо во Манчестер Јунајтед
Во англиските медиуми се пишува дека потенцијално новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, ќе му даде зелено светло на Кристијано Роналдо за напуштање на клубот ова лето.
Актуелниот тренер на Ајакс ги објавил своите идеи пред раководството на Јунајтед, а според информациите, Тен Хаг не ја гледа португалската ѕвезда како дел од своите долгорочни планови на „Олд Трафорд“. Роналдо се врати во својот поранешен клуб минатото лето, со опција да го продолжи договорот на уште една година.
Сепак, големи се шансите двете страни да се разделат по разочарувачката кампања во која Манчестер Јунајтед најверојатно нема да избори пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона.