Ерлинг Халанд се враќа на теренот овој викенд
Од менаџментот на Борусија Дортмунд најавуваат дека е можно напаѓачот на екипата, Ерлинг Халанд, да се врати во игра на натпреварот со Волфсбург закажан за во сабота.
„Ерлинг ќе патува со тимот во сабота. Тој во последните денови има сериозно подобрување и брзо се опоравува. Се чувствува добро и може да влезе во игра ако е потребно“, изјави тренерот на „жолто-црните“, Марко Розе.
Репрезентативецот на Норвешка веќе подолг период се опоравува од повреда на бутниот мускул и првобитно се очекуваше дека ќе паузира од фудбалот до крајот на годината.
Тимот на Борусија Дортмунд во моментот е на втората позиција од табелата со освоени 27 бода, веднаш зад Баерн Минхен против кого ќе игра наредната недела.