Еспањол спремен да испрати понуда за Миовски

Како што пренесува „Скај Спортс Њуз“, Еспањол покажува интерес за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Шпанскиот фудбалски клуб кој успеа да се врати во елитата сака да го ангажира напаѓачот на шкотскиот Абердин.

Изворот вели дека Миовски е една од главните цели на Еспањол ова лето.

Нашиот 25-годишен играч го привлече вниманието на европските клубови, а од претходно е познато дека во трката за Миовски се и италијанските екипи Болоња и Џенова. Британските медиуми воедно информираат дека интерес за Македонецот има и од Англија, Германија и Холандија.