Естевао во аут до крајот на сезоната во Англија

Еден од најголемите млади таленти на Челси и на бразилската репрезентација, Естевао Вилијан, ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната, потврдуваат медиумите од Островот. Младиот офанзивец се повреди уште во 16. минута од натпреварот против Манчестер Јунајтед во 32. коло од Премиер – лигата, при што заработи сериозно истегнување и беше принудно заменет.
Ова значи дека Естевеао нема да му биде на располагање на Лијам Росениор во финишот од сезоната, во кој Челси се бори за место во Лигата на шампионите. Дополнително, постои и загриженост дека повредата би можела да го доведе во прашање и неговиот настап на Светското првенство.