Еурофарм Пелистер без мака го доби пелагониското дерби

Бранителот на титулата Еурофарм Пелистер издвојува убедлив триумф над Прилеп од 22-35 во натпреварот од 22. коло во Суперлигата.

„Зелено-белите“ немаа никакви проблеми за да ја остварат целта на ова соочување и веќе по првото полувреме имаа предност од десет гола (18:8). Тука веќе беше јасно дека вториот дел е чиста рутина, формалност, период во кој Прилеп беше поконкурентен, ама далеку од тоа да му се закани на фаворитот.

Најдобар стрелец кај пелистерци беше Цветан Кузманоски со пет гола, а Филип Кузмановски додаде четири гола. Манасков, Тајник, Борзаш, Радивојевиќ, Костески и Атанасијевиќ, сите имаа по три гола. Кај Прилеп, Христи Бикоски и Томислав Квастек погодија по четири пати.

Еурофарм Пелистер како и Вардар 1961 имаат идентичен учинок од 20 победи и 2 порази.