Еурофарм Пелистер и Вардар се избегнаа во полуфиналето на Купот

Еурофарм Пелистер ќе се сретне со домаќинот Охрид во второто полуфинале на Купот на Македонија во ракомет. Тоа е епилогот на денешната ждрепка во просториите на Ракометната федерација на Македонија.
Полуфинaле:
31 мај
Вардар 1961 – Алкалоид (17:00 часот)
Еурофарм Пелистер – ГРК Охрид (19:30 часот)
Финалниот натпревар е закажан за 1 јуни и ќе се игра во терминот од 17:30 часот.
Домаќин на завршниот турнир ќе биде Охрид и салата „Биљанини извори“.