Еурофарм Пелистер и десеткуван ја освои Автокоманда

Еурофарм Пелистер на претпоследниот натпревар во оваа ракометна сезона ја победи екипата на Алкалоид во Скопје со 23-29 (14:18). Првакот играше без капитенот Кузмановски, Абутовиќ, Ивиќ и Мохамед Мамдух, кои заради повреда го скокнаа овој дуел. Натпреварот се отвори изедначено до 6-6, но во финишот на полувремето, со дав гола на празна мрежа Еурофарм Пелистер на полувреме замина со 14-18.

Во продолжението тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, во 40. минута заработи црвен картон. Алкалоид потоа дојде до 20-21, но немаше сили за пресврт. Брестовац одбрани неколку топки и гостинот дојде повторно до +4 (21-25). Еурофарм Пелистер до крајот смирено запиша значајна победа.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Дејан Манасков и Урош Борзаш со по пет, пред Усама Хосни со четири гола.

Во последното одлучувачко коло Еурофарм Пелистер в сабота гостува во Скопје против Вардар 1961, во натпревар во кој влогот е шампионска титула.