Еурофарм Пелистер попушти во финишот и поразен се враќа од Лисабон

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа седмиот пораз на единаесеттиот натпревар во Лигата на шампионите и тоа во Лисабон каде беа надиграни од домаќинот Спортинг со 30-24.
„Зелено-белите“ одиграа рамноправно прво полувреме и на пауза заминаа со еден гол негатива (14-13). Македонскиот првак беше максимално конкурентен и на почетокот на вториот дел до 17-17, резултат по кој домаќините направија серија од 4-0 и создадоа предност која потоа ја одржуваа и дојдоа до седмо славје во групата А.
Најефикасен кај Пелистер беше македонскиот репрезентативец Кузмановски со шест погодоци, пет пак постигна Хосни.