Еурофарм Пелистер слави во битолското дерби во плеј-офот

Ракомет – Суперлига (плеј-оф) – Шесто коло Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 28-21 (14-10) Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола Судии: Даниело Божиновски и Виктор Начевски Еурофарм Пелистер ја запиша петтата победа во шестиот натпревар на плеј-офот, откако во првото битолско дерби сезонава го совладаа Еурофарм Пелистер 2 со 28-21 (14-10). Натпреварот беше коректен и натпреварувачки, а квалитетот и долгата клупа на фаворитот дојдоа до израз. Домаќините уште од самиот старт ја покажаа разликата во квалитет и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да го доведе до прашање победникот на натпреварот. Стипе Мандалиниќ со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Павле Атанасијевиќ заврши со четири гола.
Еурофарм Пелистер: Хендави, Чаневски 1, Мараш 2, Ојлески 3, Маркоски, Маџовски, Кукуловски 1, Мандалиниќ 8, Кушан 3, Стјепановиќ 1, Периќ 5, Костески 2, Петровски, Велковски, Граџан, Ѓукиќ 2 Седмерци: 4/4 Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2: Ивановски, Бардакоски, Петковски, Пав. Атанасијевиќ 4, В. Димитровски 2, Митревски 1, Петровиќ 2, Андонов 1, И. Димитровски 2, С. Талевски 1, Стоилевски 3, Пет. Атанасијевиќ, Дрогришки 3, Блажевски, Арсеновски 2 Седмерци: 2/1 Исклучувања: 6 минути Во следното седмо коло, Еурофарм Пелистер гостува во Охрид, а Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен го пречекува Бутел Скопје.