Еурофарм Пелистер ја доби драмата со Загреб на отворањето на ЛШ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победа ја започнаа новата сезона во групата Б во Лигата на шампионите. Тие во преполната сала во Битола го совладаа тимот на Загреб со 25-23 (13-12).

Во прекрасен амбиент „зелено-белите“ одиграа одлично во самата завршница и успеаја да ја задржат предноста кој им ги донесе и првите бодови. Кај домаќинот се издвои Дејан Манасков со осум голови пред Кузмановски со шест и Хосни со четири. Во тимот од Хрватска се наметна Главаш со 7 голови.

Еурофарм Пелистер во второто коло на 18 септември ќе гостува кај ПСЖ кој денес загуби на гостувањето кај Магдебург со 37-31.